Дописници Промоција на четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски

Промоција на четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски

МАНУ, во рамките на „Научната и уметничка визита – Охрид 2015” и во соработка со фестивалот „Охридско лето“, вечерва од 20 часот, ќе ја промовира четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски.

Настанот ќе се одржи во „Куќата на Уранија“, додека промотор ќе биде академик Катица Ќулавкова.

Извадоци од сцени од драмите ќе интерпретира актерот Никола Ристановски а за процесот на создавање на драмите ќе говори авторот Стефановски

Најновата збирка од едицијата „Темелници“, во издание на „Табернакул“, содржи три нови драми, „Одисеј“, „Огнени јазици“ и „Фигурае венерис хисториае“.