Македонија Променливо време со услови за дожд попладне

Променливо време со услови за дожд попладне

Денеска во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Повеќе услови за врнежи ќе има во југозападниот дел од земјава. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието.

Утринската температура се движи од 15 до 21 Целзиусов степн, а дневната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје, синоптичарите, прогнозираат слично време. Максималната дневна температура ќе се искачи до 31 Целзиусов степен.

УВ-индексот ќе изнесува 8.