Македонија Променливо време, со температура до 34 степени

Променливо време, со температура до 34 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на места со поројни врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец, кој ќе биде поизразен во западните делови од земјата, каде на моменти ќе достигне брзина од околу 70 километри на час.

Утринската температура се движи од 16 до 23 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе се движи од 25 до 34 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност 7.

Во Скопје, во претпладневните часови ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со локален пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекува постепено стабилизирање на времето. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.

Максималната дневна температура во главниот град ќе се достигне до 32 Целзиусови степени.