Македонија Променливо време со сончеви периоди

Променливо време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југозападните делови на земјава ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 8 Целзиусови степени, а дневната од 15 до 22 степени.

Во Скопје се очекува слично време, со утринска температура до 6 Целизусови степени и дневна до 22 степени.