Македонија Променливо облачно време со умерен северозападен ветер

Променливо облачно време со умерен северозападен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен северозападен ветер најизразен долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намалува.

Температурата ќе се движи од два Целзиусови степени под нулата до три Целзиусови степени.

Во текот на утрешниот ден времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Во петок и сабота, синоптичарите најавуваат сончево време со умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.