Економија Променливо облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но во западните делови ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од осум  до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време,  утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до девет степени.

За време на викендот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините во западните и јужните делови позначително ќе се зголеми