Македонија Променливо облачно време со повремен дожд и грмежи

Променливо облачно време со повремен дожд и грмежи

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура се движеше од 6 до 16 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 15 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец.

Утринската температура достигна до 12 степени, а дневната температура ќе се искачи до 22 Целзиусови степени.

Од утре ќе настапи стабилизирање на временската состојба, со постепен пораст на дневната температура.