Македонија Променливо облачно време со повремен дожд

Променливо облачно време со повремен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо во однос на вчера, со повремен локален дожд, наместа проследен со ретки грмежи и со посилен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Ветерот ќе биде главно умерен до засилен, ќе дува од југозападен правец, а на места ќе достигнува брзина до околу 65 километри на час. УВ-индексот ќе има вредност 5.

Утринската температура се движи од 7 до 15 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува меѓу 22 и 33 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен југозападен ветер. Утринската температура се спушти до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи најмногу до 28 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно и доста свежо, со слаб локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер. Дневната температура значително ќе опадне – за десетина степени во однос на денешната температура. Потоа в петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и свежо со ниска утринска температура.