Македонија Променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи

Променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено попладне.

Утринската температура се движеше од 4 до 10 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува меѓу 12 и 21 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено попладне.

Утринската температура достигна 8 Целзиусови степени, а дневната температура ќе достигне до 20 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.