Македонија Променливо облачно време, попладне на некои места пороен дожд со грмежи

Променливо облачно време, попладне на некои места пороен дожд со грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со засилен ветер и град.

Дневните температури ќе изнесуваат меѓу 26 и 33 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на невреме. Температурата ќе се движи од 18 до 30 Целзиусови степени.

До среда во попладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Потоа во наредните денови ќе биде стабилно и потопло, освен в петок, кога ќе има изолирана појава на краткотраен дожд.