Македонија Променливо облачно време, попладне дожд и грмежи

Променливо облачно време, попладне дожд и грмежи

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со локален дожд и со појава на грмежи во попладневните часови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура се движи од 13 до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно, попладне со локален дожд и со грмежи. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 34 Целзиусови степени.