Македонија Променливо облачно и топло, попладне дожд

Променливо облачно и топло, попладне дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, а попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен северен ветер.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), дневната темпуратура ќе се движи  од 24 до 36 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се искачи до 33 Целзиусови степени.

До петок ќе се задржи променливо облачно време, наместа, а особено на планините, со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни и почести врнежи од дожд ќе има в четврток и петок. За време на викендот се очекува постабилно и  потопло време.