Македонија Променливо облачно и нестабилно време со температура до 35 степени

Променливо облачно и нестабилно време со температура до 35 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремен дожд, кој во попладневните часови ќе биде пороен и проследен со грмежи. Поголема нестабилност, проследена со грмежи, засилен ветер и со врнежи од град, се очекува во северните и во југозападните делеови од земјата.

Утринската температура се движи од 15 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје се очекува слично време, односно променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Максималната дневна температура во главниот град ќе изнесува 33 Целзиусови степени.