Македонија Променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд

Променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура се движеше од 10 до 19 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 20 и 32 степени.

УВ-индексот ќе биде 5.

Во Скопје ќе има променливо облачно и нестабилно време. Утринската температура се спушти до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Во наредните денови дневната температура ќе биде малку под просекот за овој период од годината.