Свет Балкан Прогласена вонредна состојба во Србија поради поплавите

Прогласена вонредна состојба во Србија поради поплавите

Српската влада денеска прогласи вонредна состојба поради поплавите во 15 општини во земјата.

Како што соопшти српското МВР, со поплавите, кои се последица на поројните дождови и на излевањето на реките, погодени се околу 710 домаќинства, а уште 500 се загрозени.

Досега се евакуирани 118 лица од поплавени објекти.

Српските медиуми јавуваат дека надојдените реки однеле неколку моста и оти многу домаќинства се без струја поради поплавите.