Македонија „Професорски пленум“ бара од Иванов да не го потпишува законот за високо...

„Професорски пленум“ бара од Иванов да не го потпишува законот за високо образование

Професорите од „Професорски пленум“ денеска му испратија писмо на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со кое бараат да не го потпише указот за прогласување на Законот за измени и дополнувања на Законот за високо образование.

„Знаеме дека и покрај евентуалното вето, Собранието со апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници може да ве „принуди“ да го ставите потписот покрај оној на Претседателот на Собранието. Но, сакаме да веруваме дека во двоглавата извршна власт, Вие ќе настапите самостојно, независно, како некој кој е избран на директни избори, како некој чиј легитимитет извира од нас, граѓаните, а не од парламентарното мнозинство“, стои во соопштението.