Македонија Професионален војник осомничен за тројното убиство во Злетово

Професионален војник осомничен за тројното убиство во Злетово

Четириесетгодишен професионален војник е осомничен за тројното убиство што утрово се случи во Злетово, пренесуваат медиумите.

Според првичните информации, тој ги застрелал родителите на својата сопруга и уште едно машко лице.

Телата на жртвите биле пронајдени на две одделни локации во селото.

Како што пренесуваат медиумите, осомничениот во времето на убиството бил на службена должност.

Осомничениот е во бегство и полицијата трага по него.

Бројни полициски екипи и јавен обвинител се пруситни во селото и се врши увид.