Дописници Проект на УСАИД за вработување на лица со попреченост

Проект на УСАИД за вработување на лица со попреченост

Со нова кампања за подигнување на јавната свест, во Струга продолжува проектот на УСАИД за практикантска работа и за вработување на лица со попреченост.

Целта е да се зголеми социјалната инклузија и учеството на лицата со попреченост во целните региони, поддржувајќи го нивното вработување и зголемувајќи ги економските можности.

Проектот ова го остварува со подобрување на нивните вештини за вработување, преку организација на практика и обуки, како и учество во кампањи за подигнување на јавната свест, со што ги прави овие прашања повидливи за приватниот сектор и за локалните заедници.

За таа цел, во Струга, и во наредниот период, сè до 2016 година, ќе продолжат практиката и обуките наменети за лицата со попреченост.

Покрај во Струга, проектот се одвива и во Скопје, Велес, Куманово, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Тетово, Гостивар, Дебар и во Кичево.