Свет Продолжуваат протестите против поскапената струја во Ерменија

Продолжуваат протестите против поскапената струја во Ерменија

И покрај тоа што претходниот протест беше насилно растурен од полицијата, ерменски активисти што протестираат против зголемувањето на цената на струјата ги продолжија демонстрациите во Ереван.

Демонстрантите бараат преразгледување на одлуката со која струјата од 1 август поскапува за 16 проценти.

Ерменскиот претседател Серж Саркисијан ја повтори понудата да се сретне со претставници на демонстрантите за да разговара за нивното барање.

Вчера полицијата употреби водени топови и палки за да ги растера демонстрантите во Ереван.