Македонија Продолжува расправата за ребалансот на буџетот

Продолжува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието на Република Македонија денеска работат две комисии. Комисијата за финансирање и буџет седми ден расправа за ребалансот на буџетот за 2017 година, а на дневниот ред на нејзината седница е и предлог-закон за дополнување на Законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2017 година, по скратена постапка.

Комисијата за труд и социјална политика, пак, расправа за предлог-законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија во прво читање, предложен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кој се однесува на платите за администрацијата.