Свет Европа Продолжува потрагата на Синај

Продолжува потрагата на Синај

Руските спасувачи пребарале подрачје со површина од 40 квадратни километри на местото на падот на авионот „ербас А321“ во Египет, соопшти руското министерство за вонредни работи.

Спасувачите нашле лични предмети и документи на патници, а потрагата продолжува и денеска.

Во меѓувреме, британските истражувачи велат дека причина за падот на рускиот авион во Египет е бомба, која била поставена во делот на багажот, непосредно пред полетувањето. Иако британските претставници не ја отфрлаат можноста за технички дефект или грешка, верува дека мали се шансите за тоа.

Авионот на руската компанија „Когалимавија“ се урна на 31 октомври во Египет, а ниту еден од 224 патници и членови на екипажот не преживеа. Авионот летал од Шарм ел Шеик кон Санкт Петерсбург.