Економија Продолжува падот на кинеските берзи

Продолжува падот на кинеските берзи

Вредноста на акциите на кинеските компании денеска падна на најниско ниво во последните четири месеци и покрај мерките што властите ги презедоа за стабилизирање на пазарот.

Речиси половина од кинеските компании го стопирале работењето на берзите за да се заштитат од колапс.

Негативното влијание се прели и на пазарот во Хонг Конг, чијшто берзански индекс падна за повеќе од четири проценти.

Губитокот го забележаа и кинеските фирми што работат во странство.