Хроника Прободено 25-годишно момче во Кисела Вода

Прободено 25-годишно момче во Кисела Вода

Дваесет и петгодишно момче вчеравечер било избодено од крадци во скопската населба Кисела Вода.

Момчето со убоди во стомакот и со повреди на главата е задржано на лекување во Ургентниот центар во Скопје. Тоа вечерта ги пресретнало крадците во влезот на зградата во која живеело и се обидело да се пресмета со нив. Крадците го нападнале со нож, а потоа побегнале. Полицијата сè уште трага по напаѓачите.