Дописници Признание „Пријател на Македонија“ за поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ

Признание „Пријател на Македонија“ за поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ

Граѓанското здружение „Хрватско-македонска тангента“, вечерва, во 19 часот, во Шибеник, на поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, ќе му го врачи признанието „Пријател на Македонија“.

Во таа пригода Месиќ ќе одржи предавање за македонско-хрватските културни врски, од Штросмаер и Миладиновци до денес.

Поранешните хрватски претседатели Стипе Месиќ и Иво Јосиповиќ, се почесни членови на „Хрватско-македонската тангента“.

Традиционалните годишни признанија ќе им бидат врачени и на новинарите Марина Јурковиќ од весникот „Слободна Далмација“ и на Ксенија Билан од „Шибенски неделник“, како и на Вилијам Лукиќ, директор на шибеничката градска книжарница.