Свет Балкан Приземјен авион на „Туркиш ерлајс“ поради дојава за бомба

Приземјен авион на „Туркиш ерлајс“ поради дојава за бомба

Авион на „Туркиш ерлајс“, кој летал за Сао Паоло од Истанбул, денеска е принудно приземјен во мароканскиот град Казабланка поради дојава за подметната бомба.

Во авионот имало 250 патници, а безбедно слетал во 12.30 часот.

Заканувачката порака биле испишана на хартија што некој ја оставил во тоалетот, соопшти компанијата.

Сите патници се евакуирани, а експерти го пребаруваат авионот.