Свет Привремено прекинати мировните преговори за Сирија

Привремено прекинати мировните преговори за Сирија

Обединетите нации ги прекинаа мировните преговори за Сирија, чија цел е постигнување договор за ставање крај на петгодишната сириска граѓанска војна, соопшти вечерва Стефан де Мистура во Женева.

Како што јавува „Би-Би-Си“, тој нагласи дека станува збор за „привремен прекин“, нагласувајќи дека во првата недела од преговорите во Женева бил остварен „недоволен напредок“.

– Ова не е крај и не е неуспех на преговорите. Двете страни и понатаму инсистираат на фактот дека се заинтересирани за почнување на политички процес – изјави Де Мистура.

Тој нагласи дека треба „уште многу да се направи“, најавувајќи дека новата рунда преговори е планирана за 25 февруари.