Свет Балкан Приведени осум лица поврзани со нападот во Истанбул

Приведени осум лица поврзани со нападот во Истанбул

Осум лица се приведени во врска со нападот со автомобил бомба во Истанбул, јавуваат турските медиуми.

Меѓу осомничените е и лицето за кое се верува дека го оставил експлозивот во возилото на местото на нападот.

Шест војници и еден цивил вчера се повредени, кога бомба експлодира во близина на воена база на најголемиот турски град, во округот Санџактепе.

Тоа е најновиот во серијата напади во Турција годинава.