Македонија Приведен маж поради предизвикување пожар во гостиварско

Приведен маж поради предизвикување пожар во гостиварско

Тој се сомничи дека вчера на гробиштата во селото Градец предизвикал пожар со палење на сува трева

Фото: МВР

Приведен е 55-годишен жител на гостиварското село Градец, поради сомнение дека предизвикал пожар, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тој се сомничи дека вчера на гробиштата во селото предизвикал пожар, така што запалил сува трева.

„На 29.08.2024 во 14.00 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Б. (55) од с. Градец, гостиварско, поради сомнение дека на гробиштата во селото Градец предизвикал пожар со палење на сува трева. По целосно расчистување на случајот, против С.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во соопштението на МВР.