Македонија Приведен граѓанин кој се обидел да го испрска Груевски со солзавец на...

Приведен граѓанин кој се обидел да го испрска Груевски со солзавец на митингот во Центар

Скопската полиција привела граѓанин кој испрскал спреј-солзавец кон бината на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, за време на говорот на лидерот на партијата, Никола Груевски.

МВР го потврди инцидентот и оттаму велат дека околу 21.55 часот е приведен 36-годишен маж со иницијали Р.Р.

Дваесетина минути подоцна, во полициската станица Центар дошол 29-годишниот Д.Г., кој пријавил дека додека присуствувал на митингот бил испраскан со спреј од лицето Р.Р.