Хроника Притворен Босанец и двајца Срби поради кражби во охридски хотел

Притворен Босанец и двајца Срби поради кражби во охридски хотел

Двајца српски и и еден државјанин на Босна и Херцеговина се осомничени од охрдиската полиција дека ограбиле фински и американски државајни во хотелот „Ди англо“ во Охрид.

Како што информираат од полицијата, станува збор за босанскиот државјанин Д.Л. (38) и за В.Р. (65) и Р.С. (51) од Србија, против кои се поднесени пријави за кражба.

Според полицијата, на 22 јули оваа година, во хотелот „Ди англо“, осомничените, користејќи згодна можност, извршиле две кражби во соби на фински и на државјани на САД, од каде однеле девизи, денари, мобилни телефони, камери и други предмети, чија вредност била проценента на околу 47.000 денари.

Судија на претходна постапка на осомничените им одредил мерка притвор од осум дена.