Главна секција Пристигнаа посмртните останки на жртвите во автобуската несреќа

Пристигнаа посмртните останки на жртвите во автобуската несреќа

Фото: Мета.мк

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигнаа двата воени авиони со посмртните останки на 45-те жртви кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија.

По повод пристигнувањето на останките на Скопскиот аеродром, организиран е државен пречек на кој присуствуваат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска и Благој Бочварски, пратеници, како и поглаварот на Исламската верска заедница и повеќе странски делегации.

Венци пред кои граѓаните можат да им оддадат почит на загинатите се поставени на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.

По барање на семејствата на загинатите, откажана е поворката која требаше да помине низ главниот град.