Свет Балкан Приштина: Повеќе од 40 лица повредени на „Пиво-фест”

Приштина: Повеќе од 40 лица повредени на „Пиво-фест”

Повеќе од 40 лица синоќа се повредени во инцидент што се случи на приштинскиот плоштад Захир Пајазити, за време на шестото издание на манифестацијата „Пиво-фест“, потврди портпаролот на косовската полиција, Баки Келени.

– Во клиничката болница помош побарале повеќе од десетина лица. Повеќето од нив се повредени при бегање од создадената паника, има и лица кои побарале помош поради вознемиреност, а засега има потврда дека со огнено оружје повредно е едно лице во пределот на ногата – изјавил Келени.

Насобраните луѓе почнале масовно да бегаат кога на самиот почеток на манифестацијата, околу 23 часот, се слушнало пукање од огнено оружје.

Од полицијата соопштуваат дека при инцидентот е предизвикана и голема материјална штета.