Дописници Приредувале игри на среќа без да поседуваат лиценца

Приредувале игри на среќа без да поседуваат лиценца

Поради постоење основи за сомневање дека приредувале игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.К. (28) и Р.Ф. (54), двајцата од Кичево. Со пријавата е опфатен и правниот субјект „Балкан-бет“ од Кичево.

Во периодот од јуни до август годинава, пријавениот А.К., во својство на вработен во спортска обложувалница „Балкан-бет“, и  Р.Ф., во својство на сопственик на деловен простор „Ројал“ каде е сместена спортската обложувалница, со намера да стекнат противправна имотна корист, неовластено, спротивно на Законот за игри на среќа и забавни игри, организирале и приредувале игри на среќа без да поседуваат лиценца од Министерството за финансии на Република Македонија.

Од спортската обложувалница се одземени пет телевизори, два монитори, принтери, ласерски читачи и друга компјутерска опрема.