Македонија Припадници на Армијата се вклучија во гаснење на пожарот кај Македонски Брод

Припадници на Армијата се вклучија во гаснење на пожарот кај Македонски Брод

Армијата на Република Македонија се вклучи во гаснење на пожарот во атарот на селото Требовље, општина Македонски Брод, каде беше зафатена шумска површина од околу 200 хектари, информираат од таму.

„Два хеликоптери од воздухопловната бригада на АРМ почнаа со интервенција веднаш по барањето за вклучување во акцијата за гаснење и извршените потребни подготовки. Во текот на изминатите неколку часа пилотите на АРМ исфрлија 28 тони вода, кои според известувањата веќе придонесуваат за намалување на интензитетот на пожарот и за запирање на понатамошното ширење“, се вели во соопштението на АРМ.