Свет Европа Принцот Филип оваа недела ќе се повлече од јавноста

Принцот Филип оваа недела ќе се повлече од јавноста

Принцот Филип, 96-годишниот сопруг на кралицата Елизабета Втора, ќе се повлече од јавниот живот оваа недела.

Како што се наведува во соопштението на Бакингемската палата, тој оваа недела ќе учествува на последниот јавен ангажман.

Војводата од Единбург, кој служел како офицер за време на Втората светска војна, в среда ќе присуствува на парадата на Корпусот на кралските маринци во Бакингемската палата.

„Со овој настан завршува јавниот ангажман на војводата, но тој може да избере да присуствува на други настани заедно со кралицата одвреме-навреме“, велат од Бакингемската палата.