Забава Принс неочекувано објави нов албум

Принс неочекувано објави нов албум

Американскиот ексцентричен музичар Принс издаде нов албум на интернет без претходно да го најави тоа. Албумот ,,HITnRUN phase two“ беше издаден претходниот викенд на стриминг-сервисот „Тајдал“, на познатиот музичар Џеј Зи. Ова е четврти албум на Принс во рок од нешто повеќе од една година.

Овој 57-годишен уметник во текот на својата музичка кариера има продадено повеќе од 150 милиони плочи и дискови во светот. Неговата музика покрива палета на многу музички жанрови како блуз, фанк, рок, фолк, џез и хип-хоп.