Свет Европа Принцот Чарлс позитивен на корона вирус, војвотката Камила е негативна

Принцот Чарлс позитивен на корона вирус, војвотката Камила е негативна

Принцот Чарлс е тестиран на ковид-19 и наодот покажал дека е позитивен, пренесуваат британските медиуми. Како што се вели во објавите, синот на кралицата Елизабета кој има 71 година, е со слаби симптоми на вирусот и се чувствува добро.
Во соопштението од кралската резиденција „Кларенс Хаус“ во Лондон, се дополнува дека е тестирана и војвотката од Корнвал, Камила, но нејзините наоди биле негативни.

„Принцот Чарлс е позитивен на тестот за корона вирус и има благи симптоми на болеста, но останува во добра здравствена состојба“, порача портпаролот на британската кралска резиденција „Кларенс Хаус“ во Лондон.

Според кралското семејство, тие двајцата моментално се во самоизолација во замокот Балморал, во Шкотска. Чарлс последните неколку дена работи од таму.

„Во согласност со владините и медицинските совети, принцот и војвотката се самоизолираа и се во Шкотска. Тестовите беа спроведени од NHS во Абердиншајр, и се според сите медицински критериуми за тестирање. Не е можно да се утврди од кого принцот се заразил, поради големиот број на ангажмани што ги имаше во последните неколку недели“, се вели во изјавата од „Кларенс Хаус“.