Македонија Примена на асистивна технологија во редовното основно и средно образование

Примена на асистивна технологија во редовното основно и средно образование

Денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Примена на асистивната технологија во редовното основно и средно образование“, која е во организација на проектот на УСАИД за електронски пристапно образование. Проектот го спроведува здружението „Отворете ги прозорците“.

На тркалезната маса се поканети и претставници на локалните образовни институции, на граѓански организации и родители на ученици со попреченост.

Проектот на УСАИД за пристапно е-образование има цел да го подобри квалитетот на образованието за учениците со посебни потреби во редовните основни и средни училишта, преку промовирање на асистивна технологија во образованието.