Македонија Пријавувањето за гласање во дијаспората ќе трае до 11 ноември

Пријавувањето за гласање во дијаспората ќе трае до 11 ноември

Вкупно 1.011 граѓани преку електронската апликација на веб-страницата на Државната изборна комисија се пријавиле за предвремените парламентарни да гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва на 11 декември оваа година, соопштија од ДИК.

Од Комисијата велат дека од 1.011 пријави, 515 се прифатени, 32 се одбиени, а 464 се во фаза на обработка.

„Државната изборна комисија ги повикува сите граѓани кои се на привремена работа или престој во странство, да се пријават за гласање за претстојните предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија. Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ппоставена на интернет-страницата на Државната изборна комисија www.dijaspora.sec.mk“, пишува во соопштението на ДИК.

Пријавувањето ќе трае до 11 ноември 2016 година.