Македонија Пријава против прилепчaнец за демнење и злоупотреба на лични податоци на Фејсбук

Пријава против прилепчaнец за демнење и злоупотреба на лични податоци на Фејсбук

Прилепчанецот, според сознанијата на полицијата, на својот Фејсбук профил објавувал видео записи и статуси за жена од Битола и за нејзиното семејство

Image by Thomas Ulrich from Pixabay

СВР Битола поднело кривична пријава против Н.Ќ.(32) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „загрозување на сигурноста“ и „демнење“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Прилепчанецот, според сознанијата на полицијата, на својот Фејсбук профил објавувал видео записи и статуси за жена од Битола и за нејзиното семејство.

„Имено, тој од нејзиниот профил и профилот на нејзиниот сопруг преземал фотографии и без нивна согласност ги споделувал на неговиот профил на социјалната мрежа, а воедно објавувал и видео записи на неговиот профил, упатувајќи им закани“, велат од МВР.