Хроника Причините за пожарот во возилото на таткото на Боки 13 засега непознати...

Причините за пожарот во возилото на таткото на Боки 13 засега непознати за полицијата

Возило, марка „бмв икс 5“, ноќеска било опожарено на улицата Варшавска, во скопската населба Тафталиџе, информираат од полицијата.

Причините за пожарот, кој избувнал околу 1.40 часот, засега се непознати, а возилото, сопственост на Ј.Ј., било целосно опожарено.

Пожарот, како што информираат од полицијата, бил изгаснат од екипа на скопската противпожарна бригада во 2.25 часот.

Увид на местото ќе се врши денеска.

Инаку, медиумите пренесуваат дека запаленото возило било паркирано пред семејната куќа на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, а бил сопственост на неговиот татко.

Инаку, Бојан Јовановски е поранешен шоумен и активист, а недоамна беше избран за претседател на Меѓународниот сојуз за цивилно општество и социјално загрозени категории на граѓани – Скопје.