Свет При напади на турската војска убиени 13 припадници на ПКК

При напади на турската војска убиени 13 припадници на ПКК

Во воздушните напади на турската војска убиени се 13 припадници на Работничката партија на Курдистан, соопшти војската.

Авионите погодиле седум мети на Работничката партија на северот од Ирак, а убиените се екстремисти за кои се верува дека се подготвувале за напад.

Во друг воздушен напад во турската југоисточна провинција Ван, убиени се уште шест припадници на Работничката партија на Курдистан.