Македонија Претставници на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, денеска на средба со...

Претставници на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, денеска на средба со Заев

Фото: Архива на Мета

Претставници на граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“, денеска ќе се сретнат со премиерот Зоран Заев, информираат од таму.

Тие ќе одржат тркалезна маса за иднината на овој туристички центар, а средбата која е предвидена да трае еден час, ќе започне во 17 часот. Потоа, граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ ќе одржи прес-конференција пред зградата на Владата.

Едно од нивните барања е Владата да формира Комисија за надзор на одвивање на работите на Попова Шапка со вклучување на претставници од граѓанскиот сектор, експертите за зимските спортови и стручен кадар кој е запознат со проблематиката.

„Да се посвети итно внимание за да се надминат проблемите и кризата која се повторува секоја година на Попова Шапка и тоа чистење на паркингот од снег, редовно функционирање на ски-лифтовите, да се гарантира ред и мир, да се обезбеди 24-часа функционирање на амбулантата  на Попова Шапка. Бараме повеќе посветеност од Агенцијата за развој на туризам, Агенција за млади и спорт и од Скијачката федерација за да вршат повеќе притисок до надлежните институции за неуспешностите на нормалното функционирање на Попова Шапка“, бараат од граѓанската иницијатива.