Македонија Претседателот Стево Пендаровски на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Фото: Кабинет на претседателот на РСМ

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот мандат на претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган му посака успешно извршување на одговорната функција и изрази подготвеност за продолжување на одличната билатерална соработка и македонско-турското пријателство и партнерство кое се гради и унапредува низ соработката на нашите институции, бизниси и граѓани, соопштија од претседателскиот кабинет.