Свет Европа Претседателот на Молдавија е против отворање цивилна мисија на НАТО во земјата

Претседателот на Молдавија е против отворање цивилна мисија на НАТО во земјата

Прорускиот претседател на Молдавија Игор Додон смета дека отворањето на постојани мисија на НАТО во неговата земја е провокација.

Молдавската влада во ноември потпиша со НАТО договор за отворање цивилна мисија, пред Додон да ја преземе должноста претседател.

Додон истакна дека сака Молдавија да остане неутрална и да не се приклучува кон ниту еден сојуз.
– Не сакам ни во НАТО, ни во војска која ја предводи Русија, рече Додон, реферирајќи на Организацијата за колективна сигурност, во која покрај Русија, членуваат Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан.