Главна секција Претседателот Иванов останува во земјава, ќе летува во Охрид

Претседателот Иванов останува во земјава, ќе летува во Охрид

Претседателот Ѓорге Иванов, годишниот одмор ќе го користи во Охрид по празникот Илинден, велат од неговиот кабинет.

Од кабинетот појаснуваат дека голем дел од обврските претседателот ова време ги извршува во Охрид.

„Голем дел од обврските во летниот период македонскиот претседател ги извршува во Охрид, со оглед на фактот дека е покровител на повеќе манифестации кои се случуваат во тој период: Охридскиот маратон, „Охридско лето“, Школата за млади лидери и Советот за меѓународни односи. Годинава претседателот Иванов планира да летува во Охрид“ , изјавија од кабинетот на Ивавнов.