Македонија Претседателот Иванов од денеска во работна посета на Србија

Претседателот Иванов од денеска во работна посета на Србија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во официјална посета на Република Србија, соопштија од неговиот кабинет.

Утре, Иванов во Белград ќе има средба со неговиот српски колега, Томислав Николиќ, а ќе се сретне и со претседателката на српското Народното собрание, Маја Гојковиќ.

За време на официјалната посета, Иванов ќе има средби и со претставници на македонското национално малцинство во Република Србија.

Од кабинетот на претседателот информираат дека в сабота, тој ќе учествува на 38. средба на Европската група на Трилатералната комисија.