Економија Претседателот Иванов ќе се сретне со членовите на владиниот тим за странски...

Претседателот Иванов ќе се сретне со членовите на владиниот тим за странски инвестиции

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими членовите на владиниот тим за странски инвестиции.

Целта на средбата е координација и усогласување на надворешно-политичките активности, односно на економската дипломатија на македонскиот претседател со активностите на владиниот тим за странски инвестиции.

На средбата се очекува да бидат разменети идеи, мислења и иницијативи, за во рамките на дипломатските активности на претседателот Иванов да се засили неговата економска агенда.

Имено, покрај досегашните традиционално добри трговски партнери на Македонија со земји од каде имаме присуство на странски инвеститори, да се одредат државите во кои е неопходно во наредниот период да се остварат посети, да се интензивираат контактите и да се унапреди правната рамка во насока на создавање соодветни услови за потенцијалните инвеститори, како и услови за пласман на македонски производи.