Македонија Претседателот Иванов ќе одржи предавање на Глобалниот лидерски форум во Турција

Претседателот Иванов ќе одржи предавање на Глобалниот лидерски форум во Турција

Претседателот Ѓорге Иванов ќе одржи предавање на Глобалниот лидерски форум, кој се одржува во Турција, соопштија од неговиот кабинет.

Темата на форумот е „Стратешки алијанси и нов поглед на лидерството во услови на глобален баланс на силите“.

Меѓу темите на дискусија на Глобалниот лидерскиот форум се „Претседателството на Трамп: Промени во американската политика и нејзиното влијание врз светскиот поредок“, „Идни сценарија за Европската Унија“, „Улогата на Јужна Америка во светскиот поредок“ и „Безбедноста и политички анализи за Средниот Исток“.