Свет Балкан Претрес во просториите на „Ауди“

Претрес во просториите на „Ауди“

Германските медиуми јавуваат дека во тек е претрес во просториите на „Ауди“ во врска со истрагата против матичната компанија „Фолксваген“ за лажирање тестови за емисија на гасови кај дизел-моторите.

Весникот „Зидојче цајтунг“ и телевизијата АРД јавија дека е во тек претрес во компанијата „Ауди“, во седиштето во Ингоштадт, како и во зградите во покраината Баден-Виртемберг и Донла Саксонија.

Претресот е во рамки на истрагата што ја поведе обвинителството од Минхен пред неколку недели во врска со измама.
Компанијата „Фолксваген“ во петокот во САД се изјасни за виновна за вградување софтверски систем за избегнување на американските прописи за загадување.

Ако судијата ја прифати препораката на министерството за правосудство, овој скандал ќе ја чини компанијата повеќе од 20 милијарди долари само во САД.